Стивен Хокинг: Ако ви се јават вонземјани, не одговарајте
Популарниот научник Стивен Хокинг предупредува дека евентуалното комуницирање со вонземјани нема да биде добро за цивилизацијата.
Астрофизичарот смета дека интелигентните вонземјани би можеле да бидат непријателски настроени кон луѓето и дури дека можеби сакаат да колонизираат планети богати ресурси, како што е Земјата.
Тој во новиот документарен филм „Stephen Hawking's Favorite Places“ ја коментираше егзопланетата Жил 832, која можеби има живот.
- Некогаш ќе добиеме сигнал од планета како оваа, но би требало добро да се размисли дали ќе треба да одговориме на сигналот. Среба со некои напредни цивилизации би можело да биде како средбата на Колумбо со староседелците од Америка. Тоа не заврши добро, вели Хокинг.
Треба да се има предвид дека Земјата е многу „бучна планета“ која емитува радио и ТВ сигнали во Вселената веќе со децении. Некои астрономи веруваат дека една вонземска цивилизација која е доволно напредната за брзо да патува низ Вселената, до сега веќе сигирно ја „забележала“ Земјата.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата