Србија, БиХ и Црна Гора ни ги затворија границите – без тест само во Косово и Албанија
Граничните премини со Косово и Албанија се единствените каде Македонците во овој момент можат да поминат без да приложат ПЦР тест. Од најавата дека граѓаните ќе можат слободно да патуваат во сите земји од поранешна Југославија кои останаа надвор од Европската Унија нема да има ништо. Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора ја известиле македонската Влада дека поради новиот бран на корона вирусот кој ја погоди Македонија границите на овие земји за македонските граѓани ќе останат затворени, односно преку нив ќе може да се помине само со негативен ПЦР тест кој не е постар од 48 часа.
По ваквата одлука, македонската Влада најави дека ќе воведе реципроцитет, односно дека веројатно за граѓаните од овие земји при влез во Македонија ќе биде задолжителен негативен ПЦР тест.
Можноста за влез на македонски државјани во Косово без ПЦР тест останува, но Владата апелира до граѓаните да не патуваат надвор од земјата доколку немаат неодложна потреба за тоа.
Владата и здравствените власти, согласно новонастанатата епидемилошка состојба во регионот, во деновите кои следат ќе ја ревидираат одлуката за влез на државјани на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина во Македонија, без ПЦР тест, се вели во писменото соопштение испратено од владата вчера доцна вечерта.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска