-->
-->
Спасовски: По утврдените рокови ќе се знае кој ќе ја предводи техничката влада
-->
Во овој момент сосема е неважно кој ќе ја предводи техничката влада, туку е важно што ќе се случува до 31 декември во однос на подобрувањето на животот на граѓаните, рече министерот за внатррешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарското прашање при денешната посета на македонско-бугарскиот граничен премин „Делчево – Лисичково“.
Тој посочи дека и Министерството за внатрешни работи и Владата ќе продолжат со активностите, што значат реформирање на системот, кои значат градење на систем, подобрувањето на условите за живот на граѓаните.
-Апсолутно сите ние сме насочени кон тој момент. За нас важно е, што ќе направиме до 31 декември, до формирањето на таа техничка влада, колку проекти ќе реализираме, колку граѓаните ќе почувствуваат дека имаат подобрување во начинот на живеење и во начинот на оставрување на своите права, истакна Спасовски.
Во овој момент, не е многу голем интерес на граѓаните кој ќе ја предводи техничката влада за уште сега, како што додаде Спасовски, да се разговара на таа тема. Дополни дека за формирање на техничката влада, постојат рокови, по што ќе се донесат одлуки и ќе се изберат личности кои ќе ја предводат таа влада.
Министерот Спасовски заедно со неговиот бугарски колега Младен Маринов денеска на граничниот премин „Делчево – Лисичково“ присуствуваше на делењето едукативен материјал „Остани чист, кажи и не на корупцијата“ како превентивна активност за подигање на свеста на граѓаните за пријавување корупција.
Спасовски и Маринов во оваа прилика изразија задоволство од досегашната соработка и подготвеност за натамошен развој и унапредување на соработката
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во општина Маврово-Ростуше гласаат 68 болни и изнемоштени лица
-
Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники
-
Македонските државјани во Србија гласаат на вториот круг од претседателските избори во Македонската амбасада во Белгрaд
-
Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри
-
Поевтинуваат горивата, ова се новите цени
-
Граѓаните утре можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321
-
Цените на угостителски услуги во април зголемени за 2,5 проценти
-
Курти: Од четврток е можно заменување на српските со косовски регистерски таблички