-->
-->
Словенечките војници се вратија од Ирак
-->
Шестмината словенечки војници, кои беа на мисија во ирачкиот град Ербил, доцна синоќа се вратија во својата земја со владин авион, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Војниците кои се наоѓаа во базата, која пред неколку денови беше цел на иранскиот ракетен напад, според непотврдени информации, со таен лет биле префрлени од Ербил до Анкара, каде што ги чекал службениот авион на словенечката Влада кој ги донел на аеродромот Брник во Љубљана.
Словенечкиот министер за одбрана Карл Ерјавец изјави дека повлекувањето се совпаѓа и со редовната ротација на војниците која требаше да се случи на 1 февруари.
Словенечките војници засега се единствените кои по иранскиот ракетен напад се повлекоа од Ирак.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата