Синот на едниот возач на автобусот: Татко ми спиеше во кабината, бев во Софија да го препознаам телото | ФОТО
Името на вториот возач на опожарениот автобус на автопатот Струма е Кадрим Мемеди, открива бугарската БНТ. Неговиот син Бесар за БНТ изјави дека телото на неговиот татко било пронајдено во одделението за спиење. Не возел, но не е потврдено. Синот бил во Бугарија за да го препознае телото и се вратил дома.
Неговиот татко имал 54 години, со над 20 години искуство. Често патувал во Германија и Турција и ги знаел рутите. Автобусот бил технички исправен, вели неговиот син.
Бесар тврди дека Беса Транс има сервис и во Турција. Неговиот татко заминал во четвртокот, а во петокот веќе бил во Турција.
Кадрим во петокот оттаму му се јави на синот. Во автобусот не дозволувал патници со опасен багаж - ниту со пиротехнички средства, ниту со гориво. Автобусите беа стари 3 години и технички исправни.
Од списокот на преживеани во несреќата, според Бесар, кој не е на списокот за патници на „Беса транс“ е - Шади Науфал Салех.
БНТ ја објави и последната слика од починатиот Кадрим.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Славјанка Петровска
-
Младите не се мотивирани за општествен ангажман
-
Уставен остана без претседател
-
Гласачкото ливче со двајца, а желба за член на Судски совет има еден кандидат
-
Замениците ги преземаа министерствата
-
Прва координација кај Гаши - партиите без договор за формирање на собраниските тела
-
Филипче ќе се кандидира за претседател на СДСМ, во трката се Петровска и Деспотовски
-
Две третини од граѓаните на лето се ладат во автобуси и трговски центри оти немаат пари да го изладат домот