Силувано 10-годишно девојче од Штип
Уште едно силување ја потресе Македонија. Според информациите на МВР, вчера Полициската станица Виница, 33-годишна жена од Штип (во моментот непријавено престојувала во Кочани) пријавила дека А.Х. (22) од Виница, со кого живее во вонбрачна заедница, извршил полов напад врз нејзината 10-годишна ќерка. По извршениот разговор со сите лица во полициската станица, на кој присуствувал и работник од Центарот за социјални работи Виница, по барање од Јавен обвинител, врз девојчето бил извршен преглед во Општа болница Кочани. При прегледот било констатирано дека постоел полов контакт. А.Х. изјавил дека повеќе пати, без присилба, со волја на девојчето имале сексуални односи. Тој бил лишен од слобода и по целосно документирање на настанот ќе му биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете“ по член 188 став 1 од Кривичниот Законик на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста