Селото А го има најкусото име на светот
Селото А (Å) коешто се наоѓа во Општина Москенес, областа Нордланд, во северна Норвешка го има веројатно најкраткиот топоним на светот.
До 1990-тите, тоа било рибарско село, но туризмот оттогаш го презема приматот и станува главна стопанска дејност. Поради тоа изградени се два музеи - „Лофотен стокфиш“ посветен на рибарството и „Норск фискевејрсмусеум“ каде што се наоѓаат сите приказни и подробности за наследството на тоа место. Препознатливо е и по многубројните галеби. Старите рибарски куќи му даваат на селото посебен шарм, а климата е блага поради Голфската струја.
Овде се наоѓа и најстарата европска фабрика за рибино масло. Погонот почнал да работи во 1850 година.
Ова село, всушност, првично било фарма, а првпат се споменува во 1567 година како „Аа“. Ова важело сѐ до 1917 година, кога норвешкиот јазик бил прекодифициран и оттогаш местово се нарекува А, што во превод значи „река“. Во него денес живеат околу 100 луѓе.
Инаку, туристите често ја крадат таблата со името на селото како „сувенир“, па мештаните мораат речиси постојано да поставуваат нови табли.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници