-->
-->
СЕХА: Металург гостува во Цеље
-->
Македонскиот ракометен вицешампион Металург ослабен ќе настапи на последните два натпревара во 2016 година во СЕХА лигата. На гостувањата кај Цеље и Татран Прешов тренерот Лино Червар нема да може на смета на капитенот Филип Талески поради болест и на Марко Нелоски се уште е во период на рехабилитација на повредата на грбот.
Дуелот со Цеље се игра вечерва со почеток во 20 часот, а денеска од СЕХА лигата се игра и натпреварот меѓу Горење и Веспрем.
Во сабота е последниот дуел на Металург, кој ќе гостува кај Татран Прешов во Словачка, додека истиот ден и македонскиот шампион Вардар ќе биде активен во СЕХА лигата со натпревар на гости кај Мешков Брест во Белорусија. По одигрувањето на саботните натпревари ќе следува пауза за македонските екипи бидејќи во вторник ќе стартуваат подготовките на македонската репрезентација за Светското првенство во Франција.
Табела: Вардар 35 бодови, ППД Загреб 28, Мешков Брест 26, Веспрем 26, Цеље 21, Нексе 12, Горење 12, Татран Прешов 10, Металург 7, Извиѓач 3.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал