Руското МНР реагира на изјавата на Еди Рама за донесениот Закон за јазиците од страна на македонското Собрание
Обрнавме внимание на изјавата на премиерот на Албанија Еди Рама дадена на 14 јануари дека Социјалистичката партија на Албанија, на чие што чело е тој, имала врска со формирањето на ”Ослободителната армија на Косово“ и со уследената ”битка за Косово“ во соседната Србија, и дека дала решавачки придонес за донесувањето на законот за употреба на јазиците од страна на Собранието на Република Македонија, според кој албанскиот јазик де-факто добива статус на втор службен јазик.
Ваквата реторика на Еди Рама ја потврдува намерата и понатаму да ја турка одиозната ”тиранска платформа“ создадена со неговото лично учество. Реализацијата на одредбите на овој документ заканува со поткопување на
уставните темели на македонската државност, на Охридскиот рамковен договор и како последица – со нови меѓуетнички потреси на Балканот. Сето тоа е дел од големоалбанските амбиции кои се повеќе се шират и го доведуваат во прашање територијалниот интегритет на низа држави во регионот. Давајќи му големо значење на прашањето за употреба на јазиците сметаме дека од принципиелна важност е таквите решенија да се донесуваат врз основа на согласност од сите гранки на државна власт и со широк консензус во општеството.
Ново на Сител
-
Бојмацалиев: Над 603.000 патници на Меѓународниот аеродром Скопје, во првото тримесечје од 2024
-
Во ЗОО Скопје се роди двогрба камила
-
Тешко повреден малолетник во сообраќајка на патот Охрид-Ресен
-
Над 157.000 Грци се пријавиле за поштенско гласање на евроизборите
-
СПМ повикува на масовна излезност на 8 мај, за иднина и стабилност на државата
-
Уапсени и осудени двајца државјани на Македонија за внесување фалсификувани бланко документи во Грција
-
Александар Николовски од УКИМ избран за претседавач на Националното студентско тело
-
Русија: Убиени пет напаѓачи и двајца полицајци во Република Карачај-Черкезија