Свет
24. April 2024 - 18:03

Русија и Украина договорија размена на деца одвоени од своите семејства

Руската комесарка за правата на децата Марија Лвова-Белова изјави дека Русија и Украина се договориле за размена на децата кои биле разделени од своите родители за време на конфликтот меѓу двете земји.

Преговорите за размената се водеа со посредство на Катар, при што беше договорено Москва да прими 19 деца, а 29 да испрати во Украина, пишуваат руски медиуми.

Белова рече дека катарската влада го надгледува списокот на деца што треба да се разменуваат и оти ова бил прв разговор во живо меѓу Москва и Киев од почетокот на војната.