Рама: Ќе се сретнам со Курти, има потреба од нов поттик во односите меѓу Албанија и Косово
Албанскиот премиер Еди Рама во наредните денови ќе се сретне со Албин Курти, победникот на предвремените парламентарни избори во Косово, одржани на 6 октомври.
Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се сретне со Курти, Рама рече дека ќе се сретне деновиве и оти се согласува со ставот на Курти дека има потреба од нов поттик во односите меѓу двете држави.
– Ќе се сретнеме во деновите што доаѓаат, на негово барање. Со нетрпение ја очекувам средбата. Со внимание ги следам неговите изјави и се согласувам дека има потреба од нов поттик во односите меѓу двете земји и постигнатите договори. Со новата косовска влада се надевам дека ќе ги пополниме празнините создадени од претходната влада, изјави Рама.
Тој рече дека и Косово и Албанија треба да имаат државни министерства кои ќе се занимаваат со односите меѓу двете земји.
– Имам неколку нови предлози што ќе му ги дадам. Мислам дека треба да формираме државни министерства за соработка меѓу двете земји, кои ќе го следат спроведувањето на договорите и да оценуваат што треба понатаму да се прави, со цел да се подобрат односите и соработката. Се надевам дека Курти ќе преземе одговорност и ќе премине од опозициската поезија во проза на управување, рече шефот на абанската Влада.
Тој додаде дека со големо задоволство ќе дискутираат и за „новите идеи на Албин“.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори