Продолжуваат археолошките истражувања во село Спанчево, Кочанско
На археолошкиот локалитет „Свети Атанасиј“ во селото Спанчево, Кочанско, продолжија археолошките истражувања предвидени со програмата на Археолошкиот музеј на Македонија.
Екипа археолози под стручно раководство на археологот Ирена Колиштркоска Настева, работи на истражувањето на броен движен материјал добиен на источната страна од локалитетот.
- Бидејќи се работи за археолошки локалитет кој потекнува од енеолитот односно 4.000 години пред нашата ера, и откриениот материја од источната страна на локалитетот е редок примерок од овој период. Откриен е броен движен материјал од глина, животински коски, камени орудија, како и глинени садови кои биле приложувани како жртвеници од страна на населението од овој крај, изјави Ирена Колиштркоска Настева, археолог во Музејот на Македонија и раководител на проектот.
Колиштркоска Настева посебно ги истакна фигурините на женски тела обликувани во глина со тетовирања по телото, уникатни предмети кои се среќаваат само на овој археолошки локалитет.
Се очекува во наредните десетина дена истражувањата да придонесат за откривање нов движен материјал кој ќе го отслика животот на ова светилиште од енеолитскиот период.
Истражувањата во село Спанчево се финансирани од Министерството за култура на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Мечка со две мали мечиња се фатени на камера на пат во Маврово
-
Димитријевиќ се договорил со Олимпија Милано
-
Судир помеѓу Автомобил и мопед во Скопје, едно лице со тешки повреди
-
Голема полициска акција на подрачјето на Скопје за сузбивање на улично дилерство на дрога
-
ВМРО-ДПМНЕ: 15-ти ден хирургија не функционира
-
Таксист добил срцев удар додека превезувал патник откако му се слошило удрил во дрво
-
Германија го олесни влезот на работници од земји вон ЕУ, двојно зголемен бројот од Западен Балкан