Фудбал
24. March 2018 - 9:26

Пријателскиот дуел на фаворитите без победник

Без победник заврши пресметката на старите ривали Германија и Шпанија.Актуелните светски шампиони Германија не дозволија да бидат поразени од Шпанија, откако на „Есприт арената“ во Диселдорф одиграа интересно 1:1 реми.

„Фуријата“ рано дојде во водство откако во шестата минута, Андрес Иниеста со одлично додавање и избегнување на офсајд-стапица го пронајде голгетерот на Валенсија, Родриго.  „Панцерите“ израмнија во 35. минута со прекрасниот гол на Томас Милер од над 25 метри. До крајот на дуелот меѓу две репрезентации кои се сметаат меѓу првите фаворити за титула на Мундијалот во Русија, немаше погодоци.