-->
-->
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-->
Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Стивен Кари, е добитник на овосезонската награда „Џери Вест“, која му се доделува на најдобриот играч во решавачките моменти од натпреварите во НБА лигата.
Наградата која се доделува на клучниот играч во последните пет минути од натпреварите во кои резултатот е до пет поени разлика, беше воведена минатата сезона, а Кари го наследи дефанзивецот на Сакраменто Кингс, Де Арон Фокс.
Кари во изборот доби вкупно 298 поени (45 први, 18 втори и 19 трети места).
Второто место со 272 поени (34 први места) го зазеде Демар Дерозан од Чикаго Булс, додека третото место го освои Шеј Гилџес.-Александер од Оклахома Сити со 160 бодови (11 први места).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци
-
Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово
-
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
-
Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот
-
Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка
-
СПМ: На 8 мај народот ќе ја определи својата иднина и иднината на државата