Презентација на противкандидатот на Меркел во Бундестагот
Поранешниот претседател на Европскиот парламент Мартин Шулц, кој вчера објави дека ќе биде кандидат за канцелар на Германија на изборите што треба да се одржат во септември, денеска ги презентираше неговите планови во битката за канцелар во долниот дом на германскиот парламент.
Според германската новинска агенција ДПА, првиот човек на социјалдемократите во Бундестагот Томас Оперман по пречекот на Шулц изјавил дека тој вистински кандидат за канцелар затоа што „зборува со јазикот на народот“, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
Лидерот на СПД Зигмар Габриел вчера најави дека наместо да влезе во битка со Меркел за канцеларската функција ќе ја преземе позицијата министер за надворешни работи од неговиот сопартиец Франк Валтер Штајнмаер кој е заеднички кандидат на СПД и ЦДУ/ЦСУ за иден претседател на Германија.
Според анкетата на истражувачката агенција Форса објавена денеска социјалдемократите имаат поддршка од 21 отсто од гласачите додека сестринските партии ЦДУ/ЦСУ имаат доверба меѓу 37 отсто од избирачкото тело.
Ново на Сител
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје
-
Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина по барање на Русија