Преносните уреди на „Епл“ ќе носат поголеми приходи отколку „Мек“ и „АјПад“
Аналитичарите на Абов Авалон велат во нова анализа велат дека бизнисот на „Епл“ со преносни уреди, како што се „Епл Воч“ и „ЕрПодс“, ќе ги надмине приходите на компанијата од „Мек“ компјутери и „Ајпад“ до крајот на следната година.
„Епл“ официјално не ги објавува резултатите од продажбата на уреди што се преносиви, но во Абов Авалон објавија своите предвидувања за финансискиот модел на „Епл“ и за вкупните резултати од продажбата.
„Епл“ ја надмина бројката од 70 милиони продадени преносни уреди за една година, при што тој сектор во „Епл“ расте меѓу 55 и 60 отсто на годишно ниво. Исто така, еден од пет продадени уреди на Епл е уред што се носи.
Слушалките „AirPods“ забележаа зголемување од продажбата од 80 отсто, а порастот на цената на Apple Watch и на AirPods секако помогна за зголемувањето на приходите на „Епл“.
Абов Авалон, исто така се нагласуваат и посебна категорија за промена на приходите помеѓу третиот квартал од минатата година и третиот квартал од оваа година, каде што секторот за преносни уреди на Епл сега е втор по приходи веднаш зад секторот на услуги (iTunes, Apple Music, App Store, iCloud и Apple Pay) со зголемување односно промена на приходите од 1,2 милијарди американски долари.
Ново на Сител
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд