Пожарот кај Скопска Црна Гора се уште активен, гори ниска мешана шума
Пожарот на Скопска Црна Гора што избувна денеска околу 13 часот се уште е активен. Гори ниска мешана шума на околу 1.400 метри надморска височина. Поради силен ветер пожарот се шири од кумановска кон скопска страна и вечерва е видлив од Скопје.
Противпожарните екипи се на терен, а во текот на денот беше интервенирано и со авиони.
Командант на противпожарна бригада на Град Скопје Владимир Симоновски, за МИА изјави дека акцијата продолжува утре со авијација, бидејќи авионите немаат опрема за ноќно летање.
– Пожарот е активен денеска од 13:15 часот на делот на кумановска страна и сега има ветер што го носи накај Скопје. Гореше ниска мешана шума на околу 1.400 метри надморска височина. Има дежурни екипи во координација со екипи на општина Гази Баба на страна на селата Раштак и Арачиново и се прати пожарот да не дојде до населено место. Авионите беа на располагање до 17:40 часот, изјави за МИА Симоновски.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло