-->
-->
Пожар во делчевското село Бигла
-->
Во тек е акција за гаснење на пожарот што попладнево избувна во делчевското село Бигла. Во гаснењето учествуваат пожарникари од Противпожарната единица од Делчево, а е вклучено и месното население.
Пожарот е забележан од страна на мештаните кои ја известиле Територијалната противпожарна единица во Делчево.
- Пожарот избувна околу 16:30 часот во месноста Шејтанско маало во село Бигла. Случајот веднаш го пријавивме во Протипожарната единица, бидејќи постои опасност да се доближи до куќите. Дел од мештаните се приклучивме во акцијата за гаснење, а за кратко време пристигна едно возило од Противпожарната единица од Делчево. Сметаме дека пожарот е намерно подметнат, но тоа оставаме да го истражат надлежните институции, изјави Кирчо Мирчевски, жител на селото Бигла.
Гаснењето засега се одвива со едно возило и неколку пожарникари од делчевската Противпожарна единица, а известена е и Противпожарната единица од Виница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје