-->
-->
Потресна приказна стои зад иконата на дрвото во Скопје – кој и зошто ја изрезбал?
-->
Потресна приказна е поврзана со иконата изрезбана на дрвото во центарот на Скопје. Сите се прашуваа кој и зошто ја нацртал оваа прекрасна икона. Приказната е навистина срцепарателна и зад неа стои изгубен млад живот.
Според кажаното, пред 22 години поточно на ден Благовец 8/9 април 1993 на ова место згаснале два млади животи во сообраќајна несреќа. Приказната се поклопува и со датумот изрезбан на самата икона.
Девојка и момче, колеги од работа, заедно работеле во кафуле во близина, во раните утрински часови враќајќи се од работа возеле по улицата и тоа со голема брзина, изгубиле контрола над возилото Корвета и се забиле во дрво крај патот. Најверојатно дрвото каде сега е иконата или некое близу, бидејќи таму е местото каде се случила сообраќајката.
Двајцата загинале на лице место, а девојката имала само 22 години. Читателката на скопјеинфо се сеќава на големата трагедија и претпоставува дека иконата е нацртана од едно од семејствата на загинатите – во спомен на нив и на прерано згаснатите животи.
Нека почиваат во мир, а оваа прекрасна икона нека е потсетник дека животот е секунда. Невнимание, брзо возење носат млади животи секојдневно.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи