-->
-->
По Маљковиќ и Џаковиќ во Скопје ќе гостува и екс-селекторот Џикиќ
-->
Откако изминатиот викенд на покана на Асоцијацијата на спортски новинари на Р. Македонија, во Скопје гостуваат големите кошаркарски имиња Божидар Маљковиќ, Борислав Џаковиќ и Раца Ѓорѓиевски, во наредните три дена гостин на КК Работнички ќе биде Александар Џикиќ.
Екс-селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Александар Џикиќ ќе биде гостин на КК Работнички од утре па се до петок. На покана од тимот од „Градски парк’’ Ѓикиќ ќе одржи и неколку тренинзи со младите селекции на нашиот најтрофеен колектив, информираше координаторот за млади категории на Работнички и екс македонски репрезентативец Тодор Ѓечевски.
- На покана на клубот утре (вторник) доаѓа Ѓикиќ. Тој ќе одржи неколку тренинзи со помладите категории преку кои на нашите тренери ќе имаат можност да осознаат нови искуства кои се практикуваат во модерната кошарка, кои пак подоцна ќе бидат имплементирани во понатамошната работа со младите, изјави Ѓечевски.
Џикиќ е четвртиот во низа кошаркарски стручњаци кои за само неполна недела се во посета на главниот град, откако изминатиот викенд на покана на Асоцијацијата на спортски новинари на Р. Македонија, а со поддршка шампионот МЗТ Скопје Аеродром во Скопје гостуваат големите кошаркарски имиња Божидар Маљковиќ, Борислав Џаковиќ и Раца Ѓорѓиевски, кои во саботата на трибина со триесетина македонски тренери ги споделија своите искуства за и околу работата со младите селекции.
Како мина гостувањето на признатите и докажани кошаркарски стручњаци, ќе имате можност да водите во новото издание на емисијата Спортско студио која на програмата е вечерва од 20 часот на Сител 3 телевизија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг