Осумнаесет лица повредени во сообраќајки во Скопје
Осумнаесет лица се здобиле со лесни телесни повреди во осум сообраќајни незгоди од вкупно 14 што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во шест сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Според податоците од СВР Скопје, полицијата од сообраќај исклучила тројца возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, тројца возачи под дејство на алкохол, 15 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, четворица возачи почетници и 24 нерегистрирани возила.
За непрописно паркирање се казнети 88 возачи, а со специјалното возило пајак подигнати се 60 возила.
Казнети се и еден пешак кој поминал подалеку од пешачки премин, тројца пешаци кои поминале на црвено светло, девет возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден за неправилно престројување и еден за неправилно престигнување.
Санкционирани се и 12 возачи за неносење на сигурносен појас и 17 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле, како и тројца возачи на мотор, мопед и мотоцикл за неносење заштитен шлем.
Ново на Сител
-
Анализа: Криза во Уставен ако во понеделник не се избере наследник на Кацарска
-
Тема на денот Моника Зајкова. претседателката на ЛДП
-
ОЈО го достави обвинението до Кривичниот Суд за убиството на Вања и Панче
-
Пропадна 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен
-
Избори во СДСМ
-
Дали пржинската влада е со поминат рок
-
Експлозија во РЕК Битола, вторпат во два месеци комплетно надвор од мрежа, вели ВМРО-ДПМНЕ
-
Индустриското производство продолжува да паѓа, во април за 1,2%