-->
-->
Одрони на патот Делчево - Македонска Каменица
-->
Одрони утрово се регистрирани на патот Делчево - Македонска Каменица. Одроните се наоѓаат кај месноста Баткова Чешма на околу 7 километри од Делчево. Од „Македонија Пат“ апелираат на внимателно движење долж овој патен правец.
-Врнежливото време во комбинација со теренот знае да предизвика вакви појави бидејки се работи за подрачје кое има склоност на вакви појави. Затоа апелот е да се вози внимателно со почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината, информираа од „Македонија Пат“.
Поради дождот, кој утрово започна да паѓа со посилен интензитет во Пијанечко-Малешевскиот регион се вози по влажни коловози.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор
-
Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година
-
Таравари: Владата ќе биде договорена до петок
-
Османи во Стразбур лобира за прием на Косово во Советот на Европа
-
Синдикатот на болницата во Лешок се противи на обидот министерството да ги спои со клиниката во Тетово
-
ДСЗИ повторно ќе оди во вонредна контрола на Токсикологија