Одложено судското рочиште за стечај на штипски „Бетон“
Во Основниот суд во Штип денеска е одложено судското рочиште за отворање или не на стечајна постапка за градежната компанија „Бетон“.
Судијата, Маја Џорлева од Основниот суд во Штип кој го води предметот вели дека причината за одлагањето е се уште не готовиот извештај на привремениот стечаен управник Драги Димовски од Струмица кој има, како што вели, обемна работа за подготовка на овој извештај, бидејќи мора и да изанализира околу 30 имотни листа, односно објекти т.е. недвижен имот што се во сопственост на компанијата „Бетон“. Затоа се дава и рок на привремениот стечаен управник да го направи извештајот, а рочиштето е презакажано за 2 јули.
Тројца доверители бараат отворање стечајна постапка за компанијата „Бетон“, но со отворањето на извештајот на 2 јули ќе се знае колкав е долгот и побарувањето на оваа компанија.
Судијата има одредено и времена мерка, односно забрана за располагање на имотот и за негово извршување. Џорлева појаснува дека со оваа мерка имотот на „Бетон“ не може да се продаде, ниту, пак, да се наплати долг преку извршители.
Компанијата „Бетон“ пред неколку години беше втора по големина градежна компанија во земјава, а на јавноста и е позната како најголем корисник на тендерите за проектот „Скопје 2014“ за што заработи и 55 милиони евра. Оваа компанија беше споменувана и во „бомбите“ кои како доказен материјал завршија во СЈО.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228