Од 15 октомври почнува вакцинацијата против сезонски грип
Од 15 октомври почнува вакцинацијата против сезонски грип. Во Република Македонија увезени се 31.000 дози вакцина против грип и до крајот на оваа недела ќе бидат дистрибуирани во сите центри за јавно здравје во државата.
Ова денеска го истакна д-р Јованка Костовска, државен советник во Министерството за здравство, која рече дека вакцината што е увезена е произведена согласно препораките на Светската здравствена организација штити од три типа вирус на грип и тоа од типот А (Х1Н1), типот А (Х3Н2) и од групата Б. Вакцината е од холандскиот производител Абот.
- Сите граѓаните кои се заинтересирани да се вакцинираат треба да се јават во центрите за јавно здравје и да се вакцинираат. Вакцината е препорачана најмногу за постарите лица, хроничко болните лица, посебно оние со кардиоваскуларни и респираторни заболувања, дијабетес, како и за бремени жени, здравствени работници и за мали деца со намален имунитет, посочи Костовска и додаде дека вакцинирањето против сезонски грип чини 400 денари.
Таа потсети дека од почетокот на август во сите служби за имунизација почна вакцинацијата со шествалетните вакцини, а во првата недела од септември и со петвалентните вакцини.
- Досега со шествалентните вакцини се вакцинирани 4.300 деца, со петвалентните вакцини околу 3.000 деца. Значи околу 7.300 деца веќе ги примиле овие поливалентни вакцини. Тие по еднаш се боцнати, а ќе требаше да бидат по два пати или три пати боцкани доколку не беа поливалентните вакцини. Вака со едно боцкање се заштитија од повеќе болести. Не сакани реакции нема, освен една пријавена за зголемена температура која поминала, рече Костовска.
Потенцира дека очекуваат и опфатот за имунизација да биде многу повисок со овие вакцини.
Во врска со пнеумококната вакцина или вакцина против стрептококус пнеумоние која ја обезбедиле и не е задолжителна, рече дека секој родител кој сака може да го вакцинира своето дете со оваа вакцина во службите за имунизација и таа е бесплатна.
- Досега по службите за имунизација се поделени околу 600 дози од оваа вакцина, која најмногу помага и ги штити децата до петгодишна возраст и тоа од заболувања, како што се пневмонии (воспаление на бели дробови, уво, менингит) и други заболувања. Препорачана е за деца со намален имунитет или за сите деца до 5 години посебно за оние кои одат во градинка, додаде Костовска.
Ново на Сител
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра