Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
Од 12 до 18 април пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица во државава, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходната недела, информираа попладнево од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Најголем дел од случаите се пријавени во рамки на епидемијата во Скопје - 37, а пријавени се случаи и во Битола - три, Куманово - два и по еден случај во Тетово, Крива Паланка, Прилеп и во Струмица. Возраста на заболените се движи од еден месец до 73 години, а најголем број случаи се од возрасната група од 10 до 14 години. Во однос на вакциналниот статус на заболените, 31 лице е некомплетно вакцинирано, невакцинирани или има непознат вакцинален статус, 13 се комплетно вакцинирани и две се вакцинирани согласно возраст. Од новите 46 случаи, девет случаи се хоспитализирани.
Заклучно со 18 април, во државава се регистрирани вкупно 489 случаи на голема кашлица, со инциденца од 26,6/100 000 жители. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период 2019-2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи.
Најголем број лица живеат во Скопје - 392 со зафаќање на седумнаесет различни општини. Во рамки на епидемијата во Куманово се пријавени 27 заболени лица, а случаи се пријавени и во други 15 градови низ државата.
- Од пријавените 489 случаи, лабораториски се потврдени 487 случаи. Од 18 јануари до 18 април, дадени се вкупно 41.044 дози вакцина што содржи компонента против голема кашлица, пишува во извештајот на ИЈЗ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови