-->
-->
ОН: Никој не треба да го трпи она што го трпат луѓето во Алепо
-->
Цивилите во Алепо преживуваат „дивјаштво кое ниту едно човечко битие не треба да го трпи“, изјави денеска шефот на хуманитарната канцеларија на ОН, Стивен О’Брајан.
Тој повика на итно воведување нови мерки за да се намалат страдањата на 250.000 луѓе кои живеат во делови од Алепо и кои се цел на сириската армија која покрена офанзива со намера да преземе контрола над градот од бунтовничките сили.
– Здравствениот систем во источниот дел од Алепо е целосно уништен, изјави О’Брајан.
– Сите болници, една по една, се целосно уништени, додаде тој и упати повик до завојуваните страни да дозволат барем евакуација на стотици цивили на кои итно им е потребна здравствена помош.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип