НБА: Вестбрук пак со „трипл-дабл“
Играчот на Оклахома Сити Расел Вестбрук ја потврдува одличната форма во сезоната откако ноќеска го забележа и 15.тиот „типл дабл“. Воедно неговата екипа победи на гостувањето кај Мајами со 106:94. Вестбурк дуелот го заврши со: 29 поени, 17 скокови и 11 асистенции.
На другите три дуели одиграни ноќеска: Џејмс Харден за Хјустон реализираше 34 поени, а Гордон Хејворт постигна 31 во победата на Јута над ЛА Лејкерс.
Резултати на ноќеска одиграните натпревари: Бостон – Милвоки 113:103, Мајами – Оклахома Сити 94:106, Далас – Хјустон 107:123 и ЛА Лејкерс – Јута 100:102.
Пласман Источна конференција: Кливленд 23-7 (победи-порази), Торонто 22-8, Бостон 19-13, Шарлот 17-14, Њујорк 16-14, Атланта 15-16, Чикаго 15-16,...
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 27-5, Сан Антонио 25-6, Хјустон 24-9, ЛА Клиперс 22-11, Оклахома Сити 20-12, Јута 19-13, Мемфис 20-14, Сакраменто 14-17,...
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници