Најстарата жена на светот почина на 124 години
Најстарата жена во Иран и во светот, почина во својата 125-та година од животот, како што покажуваат податоците од нејзините лични документи. Таа пред скоро три години беше призната за најстара жена на светот и во Гинисовата книга на рекорди.
Масумех Санеи Тороги, родена на 23 септември 1899 година, почина завчера во Машхад, во североисточени Иран. Се верува дека Иранката починала на постара возраст од Французинката Жан Калмен, која во 1997 година почина на 122-годишна возраст.
Причината за сомневање во веродостојноста на податоците за „новата“ најстара жена во светот е тоа што Иран почнал да издава документи од матичните книги дури во 1918 година, односно цели 20 години по раѓањето на Масумех Санеи Тороги.
Според Гинисовата книга на рекорди, најстарата жива жена на светот е Марија Брањас Морера од Шпанија, која на 4 март ќе го прослави својот 117. роденден.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста