Џет-Сет
19. April 2018 - 12:22

Најоригинален подарок доби од сестрите: Вака Ацо Пејовиќ го прослави роденденот

Пејачот Ацо Пејовиќ го прослави 46. роденден на 18 април. Неговата кумашинка Александра Пријовиќ не ја пропушти можноста да му посака најубави желби. За неа ова, беше уште еден повод за прослава на тој ден, зошто и нејзината мајка и пејачот го делат истиот датум на раѓање.

„Среќен роденден на мајка ми и на кумот. Ве сакам“, ја потпиша Александра заедничката фотографија.

Еден детаљ од прославата сподели и пејачот лично.

„Роденденска торта од моите сестри Весна и Оливија. Ве сакам до небо“, порача Ацо Пејовиќ и се пофали со оригиналната торта.