На западот на Австралија 160 насукани, а 26 угинати китови
Околу 160 пилот-китови (Globicephala melas) се насукаа денеска на западниот брег на Австралија, кај градот Дансборо, а најмалку 26 веќе угинаа пред властите да успеат да ги спасат.
„Нашиот тим во мигов ја проценува состојбата на китовите на плажите, а стручните екипи за водни површини се обидуваат да ги задржат животните заедно и подалеку од брегот“, соопшти австралиската Управа за биодиверзитет.
Одговорната офицерка за заштита на дивиот свет, Пија Кертис изјави дека пилот-китовите, кога се на плажа, најчесто угинуваат. Надлежните ги повикаа граѓаните да не се обидуваат да ги спасуваат животни без стручни лица, бидејќи така може да им предизвикаат дополнителни повреди на животните и да го отежнат нивното спасување. Овие китови се групирани на четири места оддалечени неколку километри.
Пилотот е така наречен затоа што се верува дека во една група сите китови следат еден „пилот“ кит. Групата може да содржи од 10 до 100 единки и повеќе и тие живеат неразделно, што може ја зголеми можноста да се насукаат на некој брег.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Бендевска, потпретседателка на ЗНАМ
-
Гаши поднесе оставка во Алтернатива, утре ќе биде избран за собраниски спикер
-
Заседава раководството на СДСМ - Ковачевски нема да се кандидира, неколкумина подготвени да влезат во трка
-
ДИК го отфрли приговорот на ДУИ
-
Претседателката ќе го почитува Уставот
-
ВМРО-ДПМНЕ, Вреди, ЗНАМ пред финален договор - распределени министерствата и претседател на Собранието
-
ДИК одлучува за гласањето во Желино
-
Пукање на Пластичарска: Еден загинат, двајца ранети