-->
-->
Морски лавови и загрозени риби во борба за преживување
-->
Два вида на риби од американскиот список на загрозени видови во сојузната држава Орегон се соочуваат со растечка опасност од гладни морски лавови.
Лавовите влегуваат во реката Колумбија и нејзините притоки во потрага по риби.
Властите планираат со убивање на морските лавови во областа на водопадите Виламет, на околу 40 километри југоисточно од Портланд, да ги заштитат загрозените риби.
Меѓутоа дел од екологистите сметаат дека морските лавови не се единствениот проблем со кој се соочуваат рибите и дека целата вина не треба да се префрла врз нив. Тие додаваат дека и во други области досега се убивале морските лавови, но без посебен ефект по загрозените видови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово
-
Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување
-
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО
-
Киев: Русија ја нападна енергетската инфраструктура во три украински региони
-
Десетици торнада го погодија централниот дел на САД
-
Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници - празници предвесници на Велигден