Корегирана е придавката „северномакедонски“ на вебот на ЕП, соопшти МНР
Министерството за надворешни работи соопшти дека реагирало до Европскиот парламент за употребата на придавката „северномакедонски“ и дека грешката е веќе отстранета од веб страницата на Европарламентот.
- Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија континуирано укажува на точната употреба на уставното име на државата и државјанството на граѓаните на Северна Македонија. Како што сме реагирале соодветно до сите меѓународни медиуми, етнитети итн., кои погрешно употребиле било кој од наведените термини, така реагиравме и до Европскиот парламент за конкретниот случај, барајќи коректна употреба на овие термини, согласно Уставот и личната карта на земјата во Обединетите Нации. Дополнително, би сакале да потврдиме дека по нашата реакција грешката беше веднаш корегирана, посочуваат од МНР.
На веб страницата на Европскиот парламент, вчера, беше објавен документ во кој се анализира евроинтегративен пат на Северна Македонија и Договорот од Преспа, а владата е наречена „северномакедонска“.
Согласно Преспанскиот договор, придавката во однос на државата, нејзините службени органи и други јавни институции треба да биде во согласност со официјалното име на државата, „на Република Северна Македонија“ односно нејзиното скратено „на Северна Македонија“.
Ново на Сител
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада
-
Најмалку тројца загинати во експлозија на киоск во Дизелдорф
-
ОЈО Скопје прибавува и анализира докази за Палчо, истрагата за останатите петмина осомничени во завршна фаза