Ќе завее снег во Македонија, денеска облечете се топло
Попладне врнежите ќе се интензивираат и ќе се прошират насекаде, а пообилни ќе бидат на запад (локално и над 30 литри на м2). Ќе дува засилен југозападен ветер. Поради брз продор на студена воздушна маса проследен со засилен северен ветер, во вечерните и ноќните часови врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, особено во северните и западните подрачја.
Во Скопје дневната температура ќе достигне во 12 Целзиусови степени, Крива Паланка 9, Кавадарци 15, Маврово 5, Берово 8, Охрид 11, Битола 15, Гевгелија 16...
Утре времето ќе биде сончево, студено и ветровито со мала до умерена облачност и температури од 1 до 8 степени.
Во петок и сабота ќе има пораст на дневните температури (од 4 до 12), времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во сабота попладне се очекуваат врнежи од дожд, особено во западните делови.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори