-->
-->
Киднапирање во Тетово
-->
Голема семејна драма во тетовско семјество. Синоќа во 18 часот во просториите на Полициската станица Тетово, се јавил 33-годишниот Н.Б. од селото Боговиње и пријавил дека неговиот зет бил киднапиран.
Тетовчанецот на полицајците во телефонски разговор им раскажал дека се работи за неговиот зет, 33-годишниот А.А. од селото Жеровјане, кој пред два дена во 15 часот во Полициска станица бил пријавен како исчезнат.
Откако А.А. бил пријавен за исчезнат, на Н.Б. му биле испратени СМС пораки дека неговиот зет и неговото возило се задржани од непознати лица и дека ќе го пуштат откако ќе им дадат одредена сума на пари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата