Канцеларијата на Меркел без детали за средбата со Заев
Канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел објави кусо соопштение по денешната средба со премиерот Зоран Заев во Берлин.
Меркел и Заев, како што се наведува, разговарале за билатералните односи, а фокусот бил ставен и на „прашање од надворешната и европската политика“.
Во соопштението не се прецизира ставот на Меркел за очекувањата на Владата на Северна Македонија за одредување датум за почеток на преговорите со ЕУ.
– Германија заедно со Франција си поставија цел – зајакнување на стабилноста на балканскиот регион. Важен чекор кон тоа беше решавањето за спорот со името „Македонија“. Под покровителство на ОН, балканската држава од 12 февруари 2019 година се преименува во Северна Македонија, со што се стави крај на спорот за името со Грција што траеше од 1991 година. Во април премиерот Зоран Заев, исто така, присустрвуваше на состанокот за Западен Балкан, што го организираа германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, се наведува во соопштението од Канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел објавено по 40-минутната средба со премиерот Зоран Заев.
Ново на Сител
-
Почина таткото на Тоше, Никола Проески
-
Од утре до понеделник јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред
-
Изречени 34 санкции за возење под дејство на алкохол на подрачје на СВР Битола
-
Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк - шумата Водно
-
Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога
-
ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности
-
Уставниот суд ќе ја одржи 15. седница
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот