ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци
Израелскиот упад во градот Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади жители на Газа и хуманитарните операции во палестинската енклава, предупреди денеска Јенс Лерке, портпарол на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања.
„Може да дојде до масакр на цивили и тоа би бил неверојатен удар за хуманитарните операции во целиот Појас Газа, бидејќи тие главно почнуваат од Рафа“, рече Лерке на прес-конференција во Женева.
Тој истакна дека помошта што доаѓа од Рафа опфаќа медицински клиники и центри за неухранети деца и нагласи дека овој град е седиште на дистрибуција на храна за целата област на енклавата.
Светските агенции наведуваат дека Израел претходно предупредил дека наскоро ќе започне копнена офанзива во Рафа, каде што повеќе од милион луѓе се соочуваат со глад, заразни болести и секојдневни воздушни напади.
Ново на Сител
-
Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања
-
Малолетник натепан од свои врсници во Аеродром - Еден снимал, другите физичките го нападнале
-
Претседателката Сиљановска-Давкова на отворањето на Самитот за мир во Украина
-
Недела неработен ден за верниците од муслиманска вероисповед
-
Руски воен авион го наруши шведскиот воздушен простор
-
Истрага за двојното убиство во Кратово
-
Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи упати честитка по повод Курбан Бајрам
-
Скопјанец осомничен за разбојништво во банка