-->
-->
Италијанската полиција за девет месеци заплени 33 тони марихуана од Албанија
-->
Командантот на италијанската финансиска полиција, Џорџо Тосчи изјави дека за девет месеци долж италијаскиот брег запленети се 33 тони марихуана пристигнати од Албанија.
- Италија даде своја помош во борбата против канабисот во Албанија. Реализиравме 129 часови набљудувачки летови на околу 24 отсто од вкупната територија на Албанија. Годинава имавме 40 проценти надлетувања повеќе во споредба со минатата година, а запленетите 33 тони марихуана на нашиот брег, пристигнати од Албанија се 116 отсто повеќе од лани, кога запленивме 12 тони, истакна Тосчи во Тирана по повод завршувањето на „Мониторинг воздушна мисија 2017“, која првпат почна 2016 година.
Во Тирана денеска престојува и италијанскиот министер за внатрешни работи Марко Минити, кој имаше средби со неговиот колега Фатмир Џафај и претседателот Илир Мета.
Минити на средбите високо ја оцени соработката на полициите на двете земји, како и на земјите од регионот во сузбивањето на недозволената трговија со дрога.
- Мора да ги разбиеме големите криминални организации, треба да ги разбиеме недопирливите, зашто во Италија и во Европа нема недопирливи, посочи Минити.
Неговиот домаќин, министерот Џафај побарал мисијата да продолжи и до година и покрај „огромниот успех забележан во сузбивањето на производството и трговијата со марихуана“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати
-
Европскиот фронт најави тужби до Управниот суд и кривични пријави за членовите на ДИК
-
Без средба, само консултации за идното владино коалицирање
-
Следната недела СДСМ ја почнува постапката за избор на ново раководство
-
МЗ како портпарол на Токсикологија со обвинувања за Нико Беќаровски - професорот негира и најави тужба
-
Македонија 2025: Дијаспората сака да помогне, власта нема слух