Истражување: Секој четврти Американец секојдневно јаде брза храна
Еден на секои четворица Американци секојдневно јаде брза храна, покажува извештајот на „Си-Би-Ес Њуз“. .
Според истражувањето, централните и јужните сојузни држави имаат најголема концентрација на ресторани за брза храна по глава на жител, а Алабама ја предводи листата. Најмалку такви ресторани има во североисточните сојузни држави, предводени од Вермонт, Њу Џерси и Њујорк.
Во Алабама се регистрирани 6,3 ресторани на и10.000 жители, што надминува секоја друга сојузна држава во САД. Од првите 10 држави, девет се од југот на САД. Небраска и Индијана се единствените кои не се од југот, а се наоѓаат меѓу првите 10 со 5,4 и 5 ресторани на 10 илјади жители.
Вермонт има само 1,9 ресторани за брза храна на 10 илјади жители.
Мекдоналдс, кој е втор по големина синџир на ресторани за брза исхрана, може да се најде во секој американски град. Најголем синџир ресторани за брза храна е - „Сабвеј“, кој има 18,5 отсто од вкупниот број ресторани за брза храна во САД. Мекдоналдс има 11,3 проценти, а потоа следи Бургер Кинг со 5,7 проценти.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата