-->
-->
Ишик: Турција и регионот ја плаќаат цената заради САД
-->
Турција и регионот ја плаќаат цената бидејќи САД ја избраа сириската курдска Единица за заштита на народот (YPG) за партнер во борбата против Исламска држава, изјави турскиот министер за одбрана, Фикри Ишик.
Ишик за телевизијата Хабетурк изјави дека Вашингтон и дава оружје на оваа единица, додавајќи дека, сепак, би било премногу да се каже дека тоа го прави намерно и за да предизвика тероризам во Турција, пренесуваат британските медиуми.
Британските медиуми наведуваат дека официјална Анкара токму YPG ја гледа како екстензија на Курдската работничка партија (ПКК), која ја презеде одговорноста или е виновна за серија смртоносни напади во Турција, како оној вчерашниот со автомобил-бомба во Измир, кога беа убиени две лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови