Хилари Клинтон ја обвини Кина за хакерски упади во американските компјутерски мрежи
Кандидатот за американски претседател од редовите на демократите, Хилари Клинтон, вчера ја обвини Кина дека ги краде трговските тајни и „огромни количини владини информации“, како и дека се обидува да изведува „хакерски упади во се што не се движи во Америка“, пренесоа британските медиуми.
Овој свој став Клинтон го искажа вчера, за време на еден настап од нејзината кампања, пред граѓани на државата Њу Хемпшир.
Реториката на Клинтон на адреса на Кина се чини изгледаше далеку
посилна од онаа што обично ја користи демократската влада на претседателот Обама, забележуваат британските медиуми.
Таа кажа дека сака Кина да има мирен пристап.„Но, ние не треба воопшто да ја губиме будноста. Кинеската армија многу брзо се развива, тие создаваат воени објекти, повторно им се закануваат на земји со кои имаме договори, како Флипините, затоа што градат на спорна земја“, рече Клинтон, државен секретар на САД во периодот 2009-2013 година.
-Тие се обидуваат и да извршуваат хакерски упади во се што не се движи во Америка. Крадат трговски тајни од подизведувачи во одбранбениот сектор, крадат огромен број владини информации, посочи таа.
Клинтон е фаворит за номинација на Демократската партија за претседателските избори во ноември 2016 година.
Британските медиуми забележаа дека претставник на Белата куќа одбил да ја коментира вчерашната изјава на Клинтон во Њу Хемпшир. сд/08:25
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден