Македонија
8. September 2015 - 15:18

Груевски:Проблемот со илегалните емигранти, еден од најголемите предизвци за ЕУ во поновото време

Засега добро се справуваме со проблемот на транзитните илегални емигранти. Но, овој проблем е темпирана бомба која човек не знае кога ќе експлодира. Зависи од многу фактори кои воопшто не се поврзани со нас.Тргнувајки од политичките, безбедносните и економските состојби во земјите од каде тие доаѓаат, преку одлуките на владите во регионот, и најмногу од одлуките на најмоќните европски држави во врска со справувањето со оваа појава, која неодамна ја нареков нова голема преселба на народите.

Ова го потенцираше во однос на актуелната состојба со мигрантите, премиерот Никола груевски во обраќањето на денешната свеченост во МНТ во Скопје, по повод одбележувањето на Денот на независноста на Република Македонија - 8.Септември.

- Овие кои сега транзитираат кон ЕУ се главно припадници на т.н. средна класа во нивните земји, голем дел од нив со солидно образование, и кои можат да си дозволат доволно пари за таквото патување. Сиромашните, кои се најголемиот број од граѓаните на тие земји, главно, се уште немаат тргнато, и се изнендадени од усехот на оние кои тргнаа и пристигнаа во западна Европа. Кога тие ќе тргнат, тогаш проблемите ќе нараснат, рече Груевски.

ЕУ, посочи премиерот, се уште нама изградено заедничка стратегија по ова прашање. Постојат, рече, многу морални дилеми и крупни несогласувања.

- Сепак, се чини, успехот зависи од тоа, колку длабоко и колку доволно и побрзо ќе се интервенира заради решавање во изворот на проблемот, во причините зошто тие бегаат и доаѓаат во ЕУ. ЕУ е свесна за понатамошните проблеми и можни последици од така нагол прилив на толку многу луѓе со различни култури, степен на образование, религии, обичаи и начини на размислување и делување, истакна премиерот Груевски.

Од друга страна, укажа тој, е хуманиот аспект, на кој мора да се води сметка.

- Ова е еден од најголемите предизвци за ЕУ во поновото време, за кој се надевам дека брзо ќе изгради некоја заедничка стратегија, истакна во обраќањето претседателот на Владата Никола Груевски.