Гевгелија 11 часа без струја
Гевгеличани вчера поголем дел од денот и ноќта, или поточно цели 11 часа, беа без струја поради испад на 110 киловолтната трафостаница во Гевгелија, соопштија денеска од ЕВН.
По пријавувањето на дефектот, на терен веднаш биле испратени екипи за интервенција кои по извршеното детектирање ги приклучиле на мрежата приградските населби и граничниот премин Богородица, преку други напојни точки.
Градот Гевгелија остана во мрак до раните утрински часови, односно до половина час по полноќ, кога екипите успеале целосно да го отстранат дефектот и да го воспостават електричното напојување на градот по задолжителните безбедносни контроли.
Утрово снабдувањето со електрична енергија на градот беше нормализирано и засега се одвива без пречки, а остана само гневот кај дел од граѓаните кои беа принудени дел од домашната слава по повод празникот Митровден да ја минат со свеќи.
Ново на Сител
-
Герапетритис: Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано
-
ЦУК: Пожарникари извлекувале човек паднат во река, вода од подруми, дворови, лифт
-
Најмногу дожд во Берово
-
Прегласување на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица во среда
-
Македонските одбојкари поразени и од Чешка во Европската златна лига
-
Црвена ѕвезда ја освои АБА лигата
-
Одбележување на Денот на македонските пожарникари - 20 Мај
-
Во Мексико девет лица загинаа во два напада врз кандидати за локалните избори