ГЕРБ предлага предвремени избори во Бугарија најдоцна до 2 април
Високиот функционер на бугарската владејачка партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Цветан Цветанов денеска изјави дека партијата смета оти краен рок за спроведување на предвремени парламентарни избори во Бугарија треба да биде 2 април 2017 година, а како можен датум таа го посочува 20 март.
- ГЕРБ ќе го врати мандатот за формирање нова влада, веднаш штом тој ќе и биде врачен од претседателот, како што ќе направи и БСП (Бугарска социјалистичка партија), што ќе значи дека другите политички групи во бугарското Собрание нема да можат да формираат мнозинство, појасни Цветанов.
Во таков случај неизбежно е распуштање на Собранието и одржување на предвремени парламентрани избори во земјата.
Цветанов истакна дека ГЕРБ водат разговори со другите бугарски парламентарни партии, кои ќе завршат неделава, по што ќе се одржи Консултативен совет, на кој ќе присуствува и новоизбраниот претседател Румен Радев, за да се постигне политички консензус околу датумот за претстојните предвремени избори.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка