Георгиевски: Ќе ги изберам за советници противкандидатките Арсовска и Петровска ако победам на изборите
На прашање како гледа на конкуренцијата, односно на актуелниот градоначалник Шилегов и Арсовска како главни конкуренти засега според сондажите, но и на кандидатката Ана Петровска, кандидатот за градоначалник на Скопје, Петар Георгиевски рече дека му претставува чест што учествува во кампања каде има две извонредни дами.
- Прво ми е особена чест што учествувам во кампања во која има две извонредни дами. Се надевам на извонредна соработка и на извонреден маратон. Се до крајот се надевам дека јас, во некој 100ти дел од секундата ќе влезам прв во целта и ќе победам на крајот, но се надевам на една искрена и сестрана поддршка и да бидам искрен дека доколку добијам јас на овие избори, јас за совентици или за луѓе кои би работеле со мене би ги избрал токму овие две дами за да можеме заедно да го направиме градот поубав, секој на свој начин и секој во својата бранша, кажа Георгиевски во Тема на денот во Дневникот на Сител.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори
-
Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација
-
Онлајн работа за младите со европски плати | Јанг стори со Мими | Sitel Podcast 034
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен