ЕК бара телекомуникациските компании да ги проверат можностите за намалување на роамингот во земјите од Западен Балкан
Ќе се откажат ли доброволно телекомуникациските компании од регионот од високите заработки, за да им понудат на граѓаните пониски цени кога зборуваат во странство.
За ова разговараа операторите на состанокот во Брисел.
Портпаролката на Европската Комисија, Натали Вандејстад изјави дека се бара регионалните компании да ги истражат можните опции, како што се доброволните комерцијални или други договори за да се намалат цените на роамингот помеѓу земјите од Западен Балкан. Компаниите се согласија да разговараат со свои предлози Со Комисијата во текот на следните недели.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов, чија земја сега преседава со советот на ЕУ, изјави дека ќе почне да работи на намалување на цените на роамингот во земјите од западен Балкан, односно Македонија,. Албанија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, до целосно укинување на тарифите за роаминг како што е во земјите членки на Унијата.
Планот за овие чекори треба да се претстави на самитот за западен балкан, кој ќе се одржи во мај во Софија.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи