-->
-->
Џорџ Клуни наратор во филмот за Шимон Перез
-->
Оскаровецот Џорџ Клуни е наратор во филмот за животот на поранешниот израелски претседател и добитник на Нобеловата награда за мир, Шимон Перез.
Иако премиерата е најавена за јуни, Клуни веќе го снимил својот дел.
Режисер и продуцент е Ричард Транк, кој успеал да сними 50 часови интервјуа со Перез, неколку месеци пред неговата смрт во 2016 година.
Во филмот се појавуваат поранешните претседатели на САД, Џорџ Буш Помладиот, Бил Клинтон и Барак Обама, како и премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, поранешниот британски премиер Тони Блер и американската актерка и пејачка Барбара Стрејсенд, која во 2013 година присуствуваше на 90-от роденден на Перез.
Филмот премиерно ќе биде прикажан на 13 јуни во Вашингтон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата