Двајца полицајци успеале да го совладаат напаѓачот во Крајстчрч пред да убие повеќе луѓе
Терористичкиот напад во новозеландскиот град Красјтчрч бил запрен само благодарение на двајца полицајци од соседно село, половина час по смртоносните напади.
Тоа го соопштија денеска новозеландските власти и упатија благодарност за нивната храброст.
Премиерката Џасинда Ардарн нагласи дека Австралиецот Брентон Тарант веројатно сакал да убие повеќе луѓе ако двајцата полицајци не се вмешале. Во нападите врз две џамии во тој град загинаа 49 луѓе.
На видеото се гледа полициски автомобил како пресекува пат на напаѓачот додека управувал автомобил.
– Секој кој ги видел тие инсерти му е јасно дека Нов Зеланд за нив е приоритет, додаде премиерката имајќи ги предвид двајцата полицајци.
– Јас сум исклучително горда на тоа што го направија тие, нагласи Ардарн.
Ново на Сител
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска