Двајца пешаци тешко повредени во Скопје
Денеска (25.02.2024) во 03.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје на крстосницата од ул.„Железничка“ и ул.„Димче Мирчев“ патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(40) од Скопје, удрило во пешакот Х.Ц.(26) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, соопшти МВР.
Вториот инцидент се случил вчера во 17.10 часот. Во СВР Скопје било пријавено дека околу 15.20 часот во Скопје на ул.„Ремзи Хоџа“ патничко моторно возило удрило во Н.Ш.(71) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.Ш., констатирани во болницата „Аџибадем Систина“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштгението од министерството.
Ново на Сител
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер