Дебата за постизборните предизвици на Македонија
Во Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе биде одржана тркалезна маса на тема „Постизборни предизвици за евроатлантските интеграции на Македонија“.
Дебатата ја организираат Институтот за геостратешки истражувања и наворешна политика при МНР и Центарот за стратегиски истражувања во МАНУ.
Тркалезната маса се организира во соработка со научното тело Иницијатива за истражување на глобалните стратешки прашања (ГСИРИ), кое e воспоставено од заедничката соработка меѓу двете институции со цел да ги истражува глобалните стратешки прашања со кои се соочуваат Република Македонија и светот, соопшти македонското МНР.
На тркалезната маса ќе учествуваат вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски, академик Владо Камбовски, претседател на Центарот за стратегиски истражувања-МАНУ и ГСИРИ, Абдулкадар Мемеди, директор на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика-МНР и потпретседател на ГСИРИ, членовите на ГСИРИ, како и амбасадорите на земјите-членки на ЕУ и НАТО акредитирани во Република Македонија.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори