-->
-->
Чудна коинциденција на приказната за "Терминатор" и реалниот живот
-->
Новинарката на Фајненшл Тајмс не била свесна каква збрка направи нејзиниот коментар на една вест на Твитер. Веста дека во Германија почина еден работник откако робот во фабриката го зграбчил и го удрил во метална плоча многумина ги потсети на сценариото од филмот Терминатор. Но, новинарката на Фајненшл Тајмс, не била свесна каква збрка ќе направи откако на Твитер ја објави оваа несреќна вест. Суштината на целата приказна се врти околу тоа што новинарката се вика Сара Оконор, па корисниците на друштвените мрежи нејзиното име и содржината на веста веднаш ги асоцирало на „Терминатор“. Да работата биде уште покомична, нејзиното име и презиме се разликуваат само за една буква од името на главниот лик во филмот Сара Конор. „Ти си нашата единствена надеж, во целост те поддржуваме како наш лидер“, „Чувај го Џон Конор, тој е нашата единствена надеж“, биле само некои од одговорите наТвитерџиите, но за жал Сара не можела да ја свати шалата, затоа што се испоставило дека таа никогаш и го нема гледано „Терминатор“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови